МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ СО АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

„Радувај се, Пречиста Владичице, очистилиште на
светот. Радувај се, лествице, која со благодатта ги
издигнуваш сите од земјата. Радувај се, мосту, кој
навистина ги преведуваш од смртта кон животот,
сите што тебе ти пеат“
(песна од Канонот на Акатист на Пресвета Богородица)

На 15.03.2019 година,во првиот петок од Великиот пост, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, во вечерните часови, беше отслужено Мало повечерие со Првата статија од Акатистот на Пресвета Богородица.

По молитвите на Твојата непобедлива Мајка, Христе Боже наш, избави нè и нас од неволјите што нè притискаат, и помилуј нè како единствен Човекољубец.