СВЕТИ ЕФТИМИЈ ВЕЛИКИ

Преподобен и славен оче Ефтимие, откако го оста-
ви она што е на земјата, си Го следел Христа, без
да ги претпочиташ распадливите богатства повеќе
од идните; живеејќи во пустината како во град, си
ги погубил демонските полкови. Кој би можел да ја
искаже навистина топлината на твојата душа кон
Господа, преславен?
(Хвалитна стихира, глас 8, на Утрена на преп. и богоносен отец наш Ефтимиј Велики)

 

На 02. 02. 2019 година, со Свети Божествени Литургии во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, молитвено беше прославен споменот на преподобниот и богоносен отец наш Ефтимиј Велики, светите маченички Ина, Пина, Рина и светиот Лав Велики. На Божествените Литургии верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.