СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Зошто се чудиш Марија? Зошто те плаши тоа што
е во тебе? Затоа што безвремениот Син го родив во
времето, рече таа, без да бидам упатена во зачну-
вањето на детето. Ете, јас сум немажена, и како ќе
родам Син? Кој видел бессемено раѓање! Но, каде
што сака Бог, ги победува природните закони, како
што пишува. Христос се роди, за порано паднатиот
образ да го обнови.
(седален, глас 4. на Утрена на Собор на Пресвета Богородица)

 

На 08.01.2019 година, кога го чествуваме празникот Собор на Пресвета Богородица и ја прославуваме Онаа Која ни го роди Спасителот – Христа, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија се отслужија Свети Божествени Литургии на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.