БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

Дојдете, верни, да видиме каде Христос се крсти!
Да го проследиме тоа што се случи на рекоата Јордан,
кон гласот на оној што вика во пустината, и да го
видиме таму Создателот на Адама, како се крштава
од раката на слугата, поради Неговото неискажливо
човекољубие, и кон Него велегласно да извикаме: Ти
си дошол и си се јавил во Јордан да ги осветиш водите.
( Седален, глас 4. на Утрена на Свето Богојавление)

 

На 19.01.2019 година, денот кога Црквата го празнува Крштението на Господа Исуса Христа и јавувавњето на Бога во Три Лица – Богојавление (ВОДИЦИ), во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
После завршувањето на Литургиите, во секој од храмовите беше извршен Голем Богојавленски Водосвет и беше положен Чесниот Крст во осветените води.