Петта недела од Великиот пост во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)  

 

На 02. 04. 2017 година,  во Петтата недела од Великиот пост – посветена на света Марија Египетска, кога се празнува споменот на преподобниот маченик Јован и другите со него и на светата маченичка Фотина, во црковната општина „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.

Проповед за Неделата на Света Марија Египетска од протојереј-ставрофор Ефтим Бетински при Македонската Православна Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Сиднехам, Мелбурн, Австралија.