СВ. АТАНАСИЈ И КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ

Свечено да ја прославиме големата слава на светите
Атанасија и Кирила, непобедливите застапници,
зашто тие со силата на Пресветиот Дух ги поразија
таборите на ересите, и трофеите на Православието
ги подигнаа по целата вселена, давајќи го точниот
број на Троичната тајна, според ипостасите и нивните
различни својства, и пак собирајќи ги во неслиено
единство, поради еднаквоста на нивната суштина
и, херувимски богословејќи, се молат постојано за
душите наши.
(Стиховна стихира на Утрена на св. Атанасиј и Кирил Александриски, глас 3)

На 31. 01. 2019 година, во денот кога го празнуваме споменот на светите Атанасиј и Кирил Александриски, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.