СВ. ВМЧ. ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ – МИТРОВДЕН

Целиот свет најде во тебе заштитник, страдалнику, кој ги победуваш незнабошците.
И, како што си ја победил горделивоста Лиева, и за борба си го охрабрил Нестора,
така свети Димитрие, моли се на Христа Бога, да ни дарува милост голема.
(Тропар на Св. вмч. Димитриј )

На 08.11.2018 година, кога го прославуваме споменот на св. вмч. Димитриј Солунски, молитвено беше прославен неговиот спомен со свети Божествени Литургии низ храмовите на Австралиско – сиднејската епархија.