ТОДОРОВА САБОТА

Колку се совршени делата на верата! Светиот
маченик Теодор, во огнената печка, се радуваше како
во води на спокој, зашто, кога во огнот изгоре, како
сладок леб на Света Троица ѝ се принесе. По неговите
молитви, Христе Боже, спаси ги душите наши.
(Тропар на свети Теодор Тирон, глас 2.)

На 16. 03. 2019 година, во првата Сабота од Великиот пост, посветена на споменот на светиот великомаченик Теодор Тирон, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.