25 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)

На 18.11.2018 година, во 25 – та Недела по Педесетница, кога Црквата си спомнува за светите маченици Галактион и Епистима, во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс) од страна на парохискиот свештеник – отец Владо Недески, во сослужение на архимандритот Гаврил Галев, беше отслужена Света Божествена Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.