Света Архиерејска литургија за Воскресение Христово (2 ден) во храмот „Света вмч. Димитриј“ во Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 09. 04. 2018 година (понеделник од Светлата недела Велигден 2 ден), во црковната општина „Свети вмч. Димитриј“ во Волонгонг, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј во сослужение со протојереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, презвитер Роберт Илијевски (старешина на храмот) и со протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците и им го честита празникот.

 

Христос воскресна од мртвите,

со смртта смртта ја победи,

и на тие во гробовите

живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!