Богатството

Загледај се, човеку, во природата на богатството : што те восхитува кај златото ? Што те восхитува кај среброто ? Што се крие во бисерот ? Не е ли сето тоа камен ? Кој љубител на накити може да додаде макар и еден ден на својот живот ? Кого го поштедила смртта заради неговото богатство ? Кого го одминала болеста заради неговите пари ? Уште долго ли златото ќе биде бесилка за души, јадица за смрт и мамка за грев ? Ништо не внесовме во светот ! Голи излеговме од мајчината утроба.

Користољубецот, без ништо си дошол на земјата : во тебе немало злато, зошто тоа се копа од земјата, ниту облека си имал, зашто таа се произведува од искуството на ткајачите, ниту пак чифлици си донел, зашто тие се плод на богатството и туѓите раце, ниту достоинство – освен Божјиот образ, ниту власт, која времето ја разјадува и смртта покосува ! Гол си дошол ти во светот – о, ако би можел да излезеш од животот и гол од гревот ? !

Свети Василиј Велики