Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 14. 10. 2017 година, кога Светата Црква го празнува споменот на празникот Покров на Пресвета Богородица; на свети апостол Ананија; преподобен Роман Слаткопевец и на преподобниот Јован Кукузел, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.