Божествена литургија во манастирот „Свeти Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 08. 07. 2017 година, кога го празнуваме споменот на преподобната маченичка Февронија и на преподобниот Дионисиј, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Денот беше целосно посветен на нашата младина за нивен духовен напредок.