Акатист кон преподобната и богоносна мајка наша Параскева

Кондак 1 Избрана од Господа да бидеш светол зрак на Црквата, преподобна мајко Параскево, со своето житие, на ангелите слично, на сиот свет му светиш како пресветло сонце и си се јавила како исцелителка на оние кои се во телесни и духовни болести. Затоа со вера ти пееме: Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево! Икос 1 Покажувајќи ангелска ревност, достојна за восхит, си го украсила својот земен …