Закхеј

Еве еден вечно жив и актуелен евангелски пример како човек, иако имајќи само почетна и несовршена вера, од преголема желба и копнеж да Го види Господ или да провери дали е Он, може да се откаже од својата човечка слава, знаејќи дека со својата постапка ќе изгледа смешен, или дури и споулавен, во очите на целата јавност (види: Лука 19, 1–10). Колкумина од нас се навистина подготвени да се откажат …

Беседа на Богојавлениe

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!   Прославувајќи го Богојавлението ние се потсетуваме дека Бог им се покажа на луѓето како Троица и дека Исус му се јави на светот како Христос. Каде се јави Христос? Каде го започна Своето дело? Дали отиде во голем град и таму се јави во Својата слава? Или, се качи на висока планина, а многу илјади луѓе  стоеја долу и гледаа на …

Обрезание, по срце и уши

За полесно да го сфатиме настанот на обрезанието на Богочовекот Христос, најнапред треба да се потсетиме на две работи. Прво, на зборовите Христови: „Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. Зашто, вистина ви велам, дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè“ …

Слово на Рождество Христово – Свети Амвросиј Медиолански (+397)

  Добро ни е познато, колку голема радост настанува и колку многуброен народ се собира во тој ден, кога се празнува родениот ден на земскиот цар. Неговите водачи и началници, а заедно со нив и сите војници се облекле во свечени облеки, препојасани со скапоцени, златно-блескави појаси, обично сите се трудат на тој свечен настан да застанат најубаво облечени пред лицето на својот цар. Бидејќи тие знаат, дека радоста на …

Скриена демонизираност/Hidden demonization

Бесомачениот што Христос го исцели побара да оди по Него, а локалните жители останаа без Него затоа што не Го примија, или поточно, побараа да си оди од нивниот крај. Ова евангелско четиво (види: Лука 8, 26–39) покажува дека бесомачените можат полесно да бидат исцелени, бидејќи тие, потполно обземени од демонот, остануваат без можност слободно да одлучуваат за своето спасение; а оние што мислат дека се свесни и здрави – …