Ѓурѓовден во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 06. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.      

Ѓурѓовден во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 06. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија, со што беше одбележан храмовиот празник. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.        

Ѓурѓовден во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 06. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на Светиот вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски, протојереј – ставрофор Љубомир Милошоски во сослужение со старешината на храмот, протојерејот Александар Ивановски  служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Вечерна празнична богослужба во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 05. 05. 2017 година, во навечерието на храмовиот празник посветен на свети вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски отслужи Вечерна празнична богослужба. На богослужбата присутвуваше многуброен верен народ.        

Божествена литургија во храмот „Свeтa Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 30. 04. 2017 година, во Третата недела на Воскресение (на Мироносиците), кога го празнуваме споменот на светиот свешт. мч. Симеон Персиски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.