Лазарева сабота во храмот „Свети Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

На 08. 04. 2017 година,  кога се празнува споменот на светиот архангел Гавриил; светиот свештеномаченик Иринеј, епископ Сремски; преподобен Малх и преподобен Василија нови (Лазарева сабота), во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.      

Лазарева сабота во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 08. 04. 2017 година, кога се празнува споменот светиот архангел Гавриил; светиот свештеномаченик Иринеј, епископ Сремски; преподобен Малх и преподобен Василија нови (Лазарева сабота), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.        

Лазарева сабота во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 08. 04. 2017 година,  кога се празнува споменот на светиот архангел Гавриил; светиот свештеномаченик Иринеј, епископ Сремски; преподобен Малх и преподобен Василија нови (Лазарева сабота), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.  

Божествена литургија во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 07. 04. 2017 година,  кога се празнува Светото Благовештение, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.  

Литургија на претходноосветени дарови во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 05. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни. По Литургијата најмладите подготвуваа палмови крстови за престојниот празник Цветници.