Крстниот знак

Светиот апостол Павле им пишува на Коринтјаните : Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост, додека ние Го проповедаме Христа Распнатиот, Кој за Јудејците е соблазна, а за Елините безумство ( Кор. 22/23 ) Крстот Христов е знак и мудрост. Знак и мудрост на божественото учење со кое се победува деструкцијата што во светот и луѓето ја внесува гордоста и нејзината најманифестирана димензија : гревот. Формалното означување со крстниот знак …

Источен Петок – Балаклија       

Во Цариград во V век, во близина на таканаречената „Златна Порта“ постоело место полно со кипариси и чинари, уште одамна посветено на Пресвета Богородица. Во шумичката постоел извор, исто така одамна познат како источник на чуда. Со текот на времето местото обраснало со грмушки, а водата исчезнала во калта. Само влажноста на земјиштето навестувала дека постои извор. Еднаш војникот Лав Маркел минувајќи низ тоа место наишол на беспомошен патник, слеп …

Огласително слово на светиот и светлоносен ден на преславното и спасително Воскресение на Христа нашиот Бог, од светиот наш отец Јован Златоуст, архиепископ Константинополски.

Кој е набожен и кој Го љуби Бога, нека се наслади од ова добро  и светло торжество. Кој е верен слуга, со радост нека влезе во радоста на својот Господ. Оној што се потрудил да пости, сега нека ја прими својата награда. Кој работел од првиот час, денес нека ја прими праведната плата. Ако некој дошол во третиот час, нека празнува благодарејќи. Кој стигнал по шестиот час, да не се …

Синаксар на Светата и Велика Сабота

Стихови: Попусто го чуваш гробот, стражо, Зашто тој не може да го задржи самиот Живот.   Во светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, Кој нашиот род од распадливост го повика кон вечен живот. Светата Четириесетница е поголема од сите други денови, а од неа, пак, е поголема оваа света и Велика седмица; а од Великата седмица …

Велики Петок

Велики Петок е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велики Петок. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). За да биде поуката разбрана и запометена, го посочил примерот …