Томина недела во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Осум дена по Твоето Воскресение, Исусе Цару, Единородно Слово на Отецот, им се јави на Твоите ученици, иако вратите беа заклучени, мирот Твој давајчи им го, и на ученикот кој не веруваше му ги покажа раните: Пријди и допри ги  рацете и нозете, и Моите нетлени ребра. А тој, откако поверува, Ти викаше: Господ мој и Бог мој, слава Ти.  (хвалитна стихира на Утрена на Томина недела) На 23. 04. …

Источен Петок – Балаклија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 21. 04. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светите апостоли Иродион, Агав, Руф и др; Источен Петок – Балаклија, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.          

Источен Петок – Балаклија       

Во Цариград во V век, во близина на таканаречената „Златна Порта“ постоело место полно со кипариси и чинари, уште одамна посветено на Пресвета Богородица. Во шумичката постоел извор, исто така одамна познат како источник на чуда. Со текот на времето местото обраснало со грмушки, а водата исчезнала во калта. Само влажноста на земјиштето навестувала дека постои извор. Еднаш војникот Лав Маркел минувајќи низ тоа место наишол на беспомошен патник, слеп …

Велигденска посета

На 18. 04. 2017 година (вторник од Светлата седмица), старешината на храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, јерејот Климент Станковски по повод Велигденските празници го посети македонскиот народ во старските домови, како и претставниците на македонскиот бизнис и им го честита празникот Воскресение Христово – Велигден.   Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, на тие во гробовите живот им подари! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!  

Воскресение Христово (трет ден) во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Наутро рано подрануваме и наместо миро на Господа песна да Му пренесеме, и да го видиме Христа – Сонцето на правдата, Кој на сите живот им засветли.   На 18. 04. 2017 година (вторник од Светлата седмица), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.   Христос …