Петта недела од Великиот пост во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 02. 04. 2017 година,  во Петтата недела од Великиот пост – посветена на света Марија Египетска, кога се празнува споменот на преподобниот маченик Јован и другите со него и на светата маченичка Фотина, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.  

Петта недела од Великиот пост во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)  

  На 02. 04. 2017 година,  во Петтата недела од Великиот пост – посветена на света Марија Египетска, кога се празнува споменот на преподобниот маченик Јован и другите со него и на светата маченичка Фотина, во црковната општина „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести …

Нови активности и настани на Македонската православна младина на Австралија (MOYA)

  Македонската православна младина на Австралија (MOYA) зеде учество помеѓу останатите младински заедници на манифестацијата „My day – Festival 2017“. Исто така во Мелбурн беше организирано правење на крстови од страна на најмладите по повод престојниот празник Цветници.      

Акатист во храмот „Свети Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

На 31.03.2017 година, во петокот од Петтата седмица на Великиот пост, во храмот „Свети Никола“ во Перт, Западна Австралија беше отслужен последниот Акатист на Пресвета Богородица во овој Велики пост, на кој чиноначалствуваше протојерејот Станко Јовановски. На богослужението учествуваше многуброен народ. „Јазикот на беседниците не може со песна да те прослави, Владичице, зашто повисоко од серафимите си се издигнала откако Го роди Царот Христос. Него моли Го овој народ да …

Акатист во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 31. 03. 2017 година,  во петтиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението учествуваше многуброен народ.