Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 14. 01. 2018, во неделата пред Богојавление (Водици), кога Светата Црква го празнува празникот Обрезание на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Светата Литургија беше прочитана молитва за почеток на Нова Година и беа изнесени моштите …

Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

 На 14. 01. 2018, во неделата пред Богојавление (Водици), кога Светата Црква го празнува празникот Обрезание на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски служеше Света Василиева Литургија.  На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа прочитани молитвите за почетокот на Новата Година.  

Свечена Вечерна богослужба по повод празнувањето на споменот на свети Василиј Велики, архиепископот Кесариски во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 13. 01. 2018 година, во предвечерието, кога Светата Црква го празнува Обрезание на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, архимандритот Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Вечерна богослужба. На Вечерната богослужба учество зеде мноштво народ, кој ја имаше несекојдневната можност да се поклони на светите мошти на свети …

Торжествено прославен споменот на новоканонизираниот преподобен отец наш свети Гаврил, епископ Велички во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

Тропар на светиот Гаврил Светогорец, епископ Велички (глас 8)   Имајќи ја светската слава си го оставил светот. И на пат кон Света Гора игуменски благослов од Богомајката си добил. Со пост, бденија и молива си го запазил целомудрието, богобојажлив Гавриле. Моли Го сега Христа, нашиот Бог, да го умножи монаштвото, да ја запази Црквата наша и светот да го спаси.    На 11 и 12. 01. 2018 година во …

Света Божествена Литургија по повод празнувањето на споменот на Светиот преподобен отец наш Гаврил Светогорец, епископот Велички во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

Тропар на светиот Гаврил Светогорец, епископ Велички (глас 8) Имајќи ја светската слава си го оставил светот. И на пат кон Света Гора игуменски благослов од Богомајката си добил. Со пост, бденија и молива си го запазил целомудрието, богобојажлив Гавриле. Моли Го сега Христа, нашиот Бог, да го умножи монаштвото, да ја запази Црквата наша и светот да го спаси.    На 12. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува …