ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ – НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

Недела на Свети Јован Лествичник е четвртата недела на Велигденскиот пост, и доаѓа после Крстопоклоната недела. Оваа недела Црквата се сеќава на свети Јован Лествичник, духовен светилник и автор на капиталното дело на православната духовност – Лествица.   Духовно значење Секоја од неделите на Великиот пост е посветена на определен настан, личност или мотив. Оваа недела Црквата се потсетува на сведоштвото на св. Јован за потребата од вистинска духовна борба …

ЛИТУРГИЈА НА ПРЕДХОДНО ОСВЕТЕНИ ДАРОВИ – ОТЕЦ ГАВРИЛ ГАЛЕВ

Литургијата од една страна e реална животна средина, а од друга страна, извор од кој ние се храниме со непропадлива храна. И заради тоа нас ни е потребно да живееме во таа атмосфера и да се храниме со таа храна. Затоа и Господ пред да биде распнат, пред да умре на Крстот, да воскресне и да се вознесе, ни ја покажа и ни ја даде таа вистинската храна – Телото …

ВЕЛИКИОТ ПОСТ – ПАТ КОН ВОСКРЕСЕНИЕТО

Кога човек се спрема да појде на пат, тој треба да ја знае целта на своето патување. Истото се однесува и на Великиот пост. Постот е пред сѐ духовно патување, а негова крајна цел е Пасха (Воскресението, Велигден), „благденот над благдените“. Постот е припрема за „исполнување на Пасхата, како вистинито Откровение“. Затоа, најнапред, мораме да ја разбереме врската помеѓу Великиот пост и Пасхата, оти таа врска ни открива нешто суштествено, …

ТОЛКУВАЊЕ НА ВЕЛИКОПОСНАТА МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН – ОТЕЦ ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)

Оваа молитва е вклучена во богослужбениот циклус во посниот триод преку целиот период на великиот пост. Почнувајќи од  вторник и четврток навечер (службите за Среда и Петок), во Сирната седмица пред постот, па до страсната недела, секоја богослужба завршува со молитвата на св. Ефрем Сирин. Свети Ефрем Сирин бил монах, пустиножител од  4 век кој живеел во Сирија. Бил многу голем подвижник кој оседувал големо покајание. Писател е на многу …

Простете! – Отец Гаврил (Галев) / Forgive me! – Father Gavril (Galev)

Простете! Простувањето е основа и почеток на духовниот живот како и за Големиот Пост. Простувањето е примање на Бога во себе. Простувањето е врата, која ако простиме, ја отвараме и во срцето Го примаме Бог и оној на кого сме му простиле. Но ако некому не простиме, значи дека Христос е надвор од нашето срце и ние немаме ништо со Христос. Простувањето е помирување, прво со Христос, а потоа и …