Беседа во Неделата на блудниот син – Митрополит г. Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.   Драги браќа и сестри,   Втората подготвителна седмица пред Велигденскиот пост, Црквата ја нарекува – Недела на блудниот син. Таа се нарекува така бидејќи на светата Литургија се чита Евангелското четиво за блудниот син. Историјата на блудниот син можеме да ја сретнеме, не само во светото Евангелие, туку, и во секојдневниот живот, во одделни семејства, кај познаници, па и во …

Беседа за празникот Собор на свети Јован Крстител (20 јануари)

митрополит г. Тимотеј Беседа за празникот Собор на свети Јован Крстител Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Драги браќа и сестри, Светата Православна црква денеска го прославува Соборот на св. Јован Крстител и Претеча на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Овој Божји угодник се прославува повеќе пати во годината. Исто така, секој вторник е посветен на св. Јован. Божјата промисла била таква што тој, поради неговиот свет, …

Беседа за празникот на преподобниот Прохор Пчински (01 ноември)

Митрополит г. Тимотеј  Пустинскиот жител и телесен ангел Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух! Драги браќа и сестри, Светиот апостол Павле во своето послание до Галатјаните вели: „Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите” (Гал. 5: 24). Нема сомневање дека и преподобниот Прохор Пчински, го распнал телото со страстите, а како резултат на тоа, спечалил или живеел живот подобен на …

Обраќање до црковните општини во Австралија, по повод прославата на големиот Јубилеј 50 години автокефалност на МПЦ-ОА

Драги браќа и сестри,   Пред педесет години, Третиот црковно-народен собор одржан во Охрид донесе историска одлука. Поточно, донесе заклучок Светиот архиерејски синод да го возобнови автокефалниот статус на Охридската архиепископија, во лицето на Македонската православна црква. Во овој временски период, нашата света црква се развиваше на сите полиња. Се возобновија многу цркви и манастири, се отвори Богословско средно училиште и Богословски факултет. Се изградија нови епархиски центри. Се умножи …

Беседа за празникот на преподобниот Наум Охридски (03 јули)

митрополит г. Тимотеј Беседа за празникот на преподобниот Наум Охридски (03 јули)   Драги браќа и сестри, Нашиот живот не е ништо друго, освен, пат кон вечноста. На тој пат излегуваме преку нашето раѓање, а истиот завршува со нашата смрт. Според тоа, сите што живееме на земјата, сме патници. За едни, тој пат е краток, за други долг, а за трети, пак, подолг, односно, за луѓето кои доживуваат длабока старост. …