Велигденско послание од Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј

Митрополит Тимотеј   Во името на Отецот и Синот и Св. Дух! „Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и возвеселиме во него“ (Пс. 117, 24)   Драги браќа и сестри,   Овој ден е навистина радосен и спасителен за сите верници. За него мечтаеле старозаветните праведници. Многумина од нив би биле многу радосни, доколку, би можеле да Го созерцаваат, но, не се удостоиле за тоа. …

Беседа за празникот Богојавление – Водици (19 јануари)

„Се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе” (Тит 2, 11) Драги браќа и сестри, На денешен ден Христос му се јави на светот и го просвети. На денешен ден, врз Себе, ги зеде нашите гревови и го згази ѓаволот. На денешен ден Божјата благодат блесна од небото за сите луѓе. О чудо големо и преславно! Христос се труди а ние постануваме овенчани. Он ја уништува змиската глава во водата …

Беседа за чествувањето на Обрезанието Господово и свети Василиј Велики (14 јануари)

Во името на Отецот и Синот и Свeтиот Дух! Драги браќа и сестри, Во книгата Мудрост Соломонова се вели: „Праведниците живеат до века. Нивната награда е во Господа, за нив се грижи Севишниот” (Муд. Сол. 5, 15). Божјите угодници се луѓе кои својот живот го поминале во овој свет во подвижништво и во исполнување на волјата Божја. Па, затоа, Бог е нивниот заштитник и во Него се наоѓа нивната надеж …

Беседа по повод празникот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан (09 јануари)

Христос се роди! Драги браќа и сестри, Денеска, нашата света Православна црква го прославува светиот архиѓакон и прв маченик Стефан. Св. ап. Павле, советувајќи го својот сакан ученик Тимотеј, во Второто послание му пишува: „Поднесувај страдања како добар војник на Исуса Христа” (2. Тим. 2, 3). Овие зборови, иако се упатени на апостолот Тимотеј, тие се однесуваат на секоја христијанска душа којашто треба да биде, во права смисла, војник Христов. …

Беседа за празникот Собор на Пресвета Богородица (08 јануари)

Христос се роди! „И, навистина, голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот” (1. Тим. 3, 16) Драги браќа и сестри, Тоа е големата тајна на верата што ние денес ја прославуваме. На денешен ден небото се отвори и славата Господова ја осени Земјата. Ангелите Божји ја пеат песната на љубовта, мирот и добрата волја помеѓу луѓето. Денес е празник на Божјата љубов кон нас, грешните луѓе. Денес …