Свети Агатангел Битолски (12. 03)

Овој македонски светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој денес во Бигорскиот манастир се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното петвековно владеење со македонските краишта Агарјаните имале необичен и свиреп обичај за време на тридневното празнување на Бајрам насилно да го преведат во својата исламска вера секој христијанин што ќе го нашле. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев …

Свети апостол Ананија / Saint Apostole Ananias of the Seventy

Еден од седумдесетемина. Бил епископ во Дамаск. По Божјо јавување (Дела 9) го крстил Савле – апостолот на народите Павле. И покрај сите гонења, храбро го проповедал Евангелието, поради што бил каменуван и убиен  во градот Елевтеропол. Неговите свети мошти се пренесени во Дамаск, а подоцна во Цариград.   Житие Свети апостол Ананија, еден од седудесетемина, беше епископ во градот Дамаск. Познат е и по тоа што го крстил апостолот …

Житие на Свети Георгиј Кратовски (24. 02.)

Свети маченик Георгиј Кратовски — македонски православен светител со потекло од Македонија кој маченички пострадал за Христовата вера во осумнаесеттата година од својот живот во почетокот на XVI век. Георгиј бил роден во градот Кратово во 1497 година, во семејството на сиромашните Димитриј и Цара. Започнал со школување на шест години, кога неговите родители го дале на училиште, кое било црковно. По добивање на основно образование, неговиот татко го пратил …

Светиот свештеномаченик Харалампиј (23. 02)

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, но слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, …

Светиот маченик Трифун (14. 02)

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне …