Честиткa за изборот на г. Даријан Сотировски за Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

 

 

 

До:

                                                                                                                  г. Даријан Сотировски,

Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

 

Почитуван,

Дозволете да Ви се обратиме со оваа скромна, но искрена честитка  од името на сите членови на Информативната служба на  Австралиско – сиднејската православна епархија – по повод Вашето назначување на позицијата Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи во Република Македонија.

Ви посакаме успешна и од Бога благословена работа. Севишнот Бог нека Ви даде сили и мудрост правилно и достоинствено да ја извршувате доверената функција за доброто на Македонскиот народ во Македонија и во дијаспората.

Уште еднаш Ви посакуваме многу елан за успех, Вам и на Вашите соработници, но и очекуваме плодна и успешна соработка, пред сè за слава на Бога: Отецот, Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.

 

Со искрена почит,

                                                     Информативна служба

mpcoau@gmail.com

Сиднеј,
14. 02. 2018