Донаторска вечер на македонската заедница од Квинбијан и Канбера

На 14. 01. 2018 година во организација на македонската заедница од Квинбијан и од Канбера беше организирана прекрасна вечер по повод празникот Василица. Вечерата имаше донаторски карактер.

Најзначајно беше што сите средства собрани од вечерта ќе бидат алоцирани кон довршување на фреските во храмот „Свети пророк Илија“ во Квинбијан.

На вечерата присуствуваше Амбасадорот на Р. Македонија во Австралија, г. Веле Трпевски. Но и останати видни личности од општествениот, црковниот и политичкиот живот.

Со своето присуство вечерта ја збогати и в.д. Премиерот на НЈВ Џон Бариларо, кој е голем поддржувач на Македонците во Австралија Со негова заложба како и на македонските активисти од Квинвијан, од државата НЈВ беше дониран чек од 150.000 долари за разој и надградба на културниот центар и сите други објекти кои ги користат Македонците од овој дел на Австралија.

Пред присутните се обрати почитуваниот Амбасадор г. Веле Трпевски, кој ги поздрави присутните гости.

Од името на македонската црковна општина „Свети пророк Илија“ се обрати старешината на храмот, протојерејот Ѓорги Митев.