Екскурзија на Младинската група при црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ – Епинг во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк

На 06. 10. 2017 година, кога Светата Црква го празнува споменот на Зачнувањето на свети Јован Крстител; светата маченичка Ираида; светиот новомаченик Никола Пантопол и светиот новомаченик Јован, Младинската група при црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг со нивниот парохиски свештеник отец Климент Станковски остварија еднодневна поклоничка екскурзија до манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк.

Децата имаа час во природа и Вечерна богослужба со о. Климент, а воедно и му посакаа искрено добредојде и на игуменот на манастирот о. Гаврил кој тој ден допатува од Сиднеј и радоста беше зголемена поради неговото присуство.

После тоа, имаше заедничка трпеза на љубовта во природа.