Како правилно да го изобразуваме крсниот знак

Најпрво, ги составуваме палецот, показалецот и средниот прст од десната рака, а преостанатите два прста ги свиткуваме надолу.

Така составени, трите прсти ги ставаме на челото, велејќи: во името на Отецот , потоа под градите, изговарајќи ги зборовите: и Синот, на десното рамо, а потоа на левото, велејќи: и Светиот Дух. Амин.

Трите соединети прсти ја означуваат нашата вера во Пресвета Троица, во Отецот и Синот и Светиот Дух,  а двата свиткани прста ја симболизираат нашата вера во двојната природа на Синот Божји, Господ Иисус Христос, односно дека Он е и Бог и Човек. Крстниот знак го ставаме на челото за просветлување на нашиот ум и осветување на нашите мисли, на градите – за да се освети срцето и да ни се облагородат чуствата, а на рамењата за да се зацврстат нашите телесни сили и да бидат благословени делата на нашите раце. Движењата што ги правиме со десната рака треба да се одмерени, односно да се прават смирено, а не набрзина и без правилно крстење.