Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На . 18. 06. 2017 година, во 2-та Недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на свети свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски, преподобен Теодор Пустиник, преподобен Анувиј и на блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски,   во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.