Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 18. 03. 2018 година, во четвртата недела од Великиот пост – Недела на свети Јован Лествичник, кога Светата Црква ги празнува Светиот маченик Конон Исавриски; Светиот маченик Конон Градинарот; Преподобен Исихиј Постник; Преподобен Марко Подвижник, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот, jерејот Игор Младеновски, служеше Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Сигурен знак за загинувањето на душата е избегнувањето на црковните богослужби.

 

свети Јован Лествичник