Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 18. 03. 2018 година, во четвртата недела од Великиот пост – Недела на свети Јован Лествичник, кога Светата Црква ги празнува Светиот маченик Конон Исавриски; Светиот маченик Конон Градинарот; Преподобен Исихиј Постник; Преподобен Марко Подвижник, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски служеше Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Кондак

 

На висина од воздржанието Господ навистина

те положи, како ѕвезда вистинска, која ги осветлува

краиштата на земјата, наставниче, оче наш Јоване.