Еднодневна екскурзија во организација на Македонската православна младина на Австралија (МОYA) до манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк (Викторија)

Денес, на 17. 03. 2018 година, кога Светата Црква го празнува споменот на  Преподобен Герасим; Светите маченици Павле и Јулијана; Свети Јаков Постник, во организација на Македонската православната младина на Австралија (MOYА) се организираше еднодневна екскурзија до манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, каде, најпрво, учесниците  присуствуваа на Светата Литургија и се причестија со Светите Христови тајни.

По Литургијата  присутните заедно со Архимандритот Гаврил (Галев)  и презвитерот Климент Станковски, заминаа на прошетка до блискиот водопад. Самиот манастир и местото околу него е многу живописно и преставува Национален Парк.

Со доаѓањето на Архимандритот Гаврил за игумен во манастирот, повторно се вратија активностите и дружењата на Македонската младина во духот на православната традиција и љубовта. Забележливо беше задоволството и радоста, посебно кај децата, најмладите членови на МОYА, за прекрасно поминатиот ден.

Набрзо очекувајте нови активности и настани во организација на Младинската организација.