Настани

Служба на светите и спасителни Христови страдања во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)  

На 13. 04. 2017 година,  во светиот и Велики Четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски ја отслужи службата на светите и спасителни Христови страдања. На службата, учество зеде мноштво верен народ.   Денес виси на дрво Оној што земјата ја обеси на водите; со венец од трња е крунисан Царот на ангелите; во смешна багреница се …

Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во храмот „Свети Климент Охридски“ во Канбера (Австралиска Капитална Територија)

На 13. 04. 2017 година, во светиот и Велики Четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Канбера, старешината на храмот јереј Радојчо Митрев отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ.      

Божествена литургија и маслосвет во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 13. 04. 2017 година, во светиот и Велики Четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија и го изврши чинот на осветување на масло – маслосвет. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.        

Божествена литургија и маслосвет во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 13. 04. 2017 година,  во светиот и Велики Четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија и потоа и чинот на осветување на масло. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.