Настани

Цветници во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 09. 04. 2017 година, кога се празнува празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.        

Цветници во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)

На 09. 04. 2017 година,  кога се празнува празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.          

Цветници во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 09. 04. 2017 година,  кога се празнува споменот на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.    

Цветници во храмот „Свети Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

На 09. 04. 2017 година,  кога се празнува споменот на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.