Настани

ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ – НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

Недела на Свети Јован Лествичник е четвртата недела на Велигденскиот пост, и доаѓа после Крстопоклоната недела. Оваа недела Црквата се сеќава на свети Јован Лествичник, духовен светилник и автор на капиталното дело на православната духовност – Лествица.   Духовно значење Секоја од неделите на Великиот пост е посветена на определен настан, личност или мотив. Оваа недела Црквата се потсетува на сведоштвото на св. Јован за потребата од вистинска духовна борба …

ЛИТУРГИЈА ВО НЕДЕЛАТА НА СВЕТИОТ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК ВО ХРАМОТ „СВЕТА ВМЧ. НЕДЕЛА“ ВО ГОЛД КОСТ, КВИНЗЛЕНД

На 14.04. 2024 година,  во Четвртата недела од Великиот пост – посветена на свети Јован Лествичник, кога се празнува споменот на Света Марија Египетска; Свети Мелитон, епископ Сардиски и на Преподобен Прокопиј Чех, во црковната општина „Света вмч. Недела“ во Голд Кост, старешината на храмот јерејот Горан Божиновски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите …

МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СИДЕНХАМ, МЕЛБУРН (ВИКТОРИЈА)

На 12. 04. 2024 година, во четвртиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј-ставрофор Ефтим Бетински отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.

КАКОВ Е НАШИОТ КРСТ ВО ЖИВОТОТ

Во средината на Великиот пост светата Црква нè повикува на поклонување на чесниот крст Господов.  Постот е време за духовни подвизи, за самоиспитување, за покајание и за духовен живот. „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене“ (Мк. 8:34). Така им рекол Христос на Своите ученици и на народот кој бил собран околу Него. Спасителот никого …