Настани

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 16. 03. 2018, во петокот од четвртата седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 16. 03. 2018, во петокот од четвртата седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.  

Литургија на Претходно-осветени дарови во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 16. 03. 2018, во петокот од четвртата недела на Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск; Света Пијамука Мисирска; Светата непозната девојка, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Литургија на Претходно-осветени дарови. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

П О К А Н А

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА (МПЦ-ОА) МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА МЛАДИНА НА АВСТРАЛИЈА (МОYА)   Возљубени во Господа, ние како раководство на Македонската православна младина на Австралија (МОYА) ја имаме особената чест да Ви ја доставиме следната:   П О К А Н А   Ве покануваме на Света Божествена Литургија, пикник за децата во манастирот и прошетка до блискиот водопад и синаксис Литургијата ќе се одржи на 17-ти март (сабота) 2018 …