Настани

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 23. 02. 2018, во петокот од првата седмица на Великиот пост, во предвечерието на Тодорова сабота, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 23. 02. 2018, во петокот од првата седмица на Великиот пост, во предвечерието на Тодорова сабота, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.

Среда од Првата седмица на Великиот пост во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 21. 02. 2018, во средата од Првата седмица на Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Големо повечерие со Канонот на свети Андреј Критски.

Литургија на Претходно-осветени дарови во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 21. 02. 2018, во првата среда од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува споменот на Светиот великомаченик Теодор Стратилат; Светиот пророк Захарија; Свети Сава II, архиепископ Српски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Литургија на Претходно-осветени дарови. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.