Настани

Беседа на Митрополит г. Агатангел по повод големиот јубилеј: „50 години возобновена Охридска архиепископија како Македонска Православна Црква“

Ваше Блаженство, Ваши Високипреосвештенства, Ваше Преосвештенство, почитувано, чесно и богољубиво свештенство и монаштво, драги браќа и сестри…   Долг, трновит и полн со искушенија бил историскиот пат на македонскиот народ во остварувањето на вековниот идеал за национална независност и црковна автокефалност. Бројни биле жртвите и житејските откажувања на нашите славни предци и духовни првенци, при нивната упорна и трпелива борба против тиранијата и отфрлувањето на цврстиот јарем на ропството и …

Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 01. 10. 2017 година, во 17-тата недела по Педесетница кога го празнуваме празникот Собор на сите македонски светители, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) во сослужение на протојерејот Александар Ивановски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Прославен празникот Крстовден во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 27. 09. 2017 година, кога го празнуваме празникот Воздвижение на Честниот Крст (Крстовден), и споменот на светата царица Плакила; на преподобниот маченик Макариј Солунски и на преподобната Марија Тарсиска, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.   На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.   На Твојот крст се поклонуваме, Христе, и твоето свето воскресение го воспеваме и …

Божествена литургија за празникот Крстовден во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 27. 09. 2017 година, кога го празнуваме празникот Воздвижение на Честниот Крст (Крстовден), и споменот на светата царица Плакила; на преподобниот маченик Макариј Солунски и на преподобната Марија Тарсиска, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше отслужен Мал Водосвет.   Крстовден (Воздвижение …