Педесетница во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 04. 06. 2017 година, во Недела на Педесетница, кога го празнуваме празникот Слегување на Светиот Дух – Духовден, како и споменот на светиот маченик Василск, Вториот Вселенски собор, и на светиот праведен Мелхиседек, цар Салимски,  во  во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По завршувањето на Светата Литургија беше отслужена и Вечерна богослужба со коленопреклонување.