Празникот Духовден во храмот „Свети Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 04. 06. 2017 година, во Недела на Педесетница, кога го празнуваме празникот Слегување на Светиот Дух – Духовден, како и споменот на светиот маченик Василск, Вториот Вселенски собор, и на светиот праведен Мелхиседек, цар Салимски,  во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски отслужи света Златоустова литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По завршувањето на Светата Литургија беше отслужена и Вечерна богослужба со коленопреклонување.