СИМВОЛОТ НА ВЕРАТА

Верувам во Единиот Бог Отец, Вседржител, Творец на небото и на земјата и на сè видливо и невидливо;

И во Единиот Господ Иисус Христос, Синот Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови ; Светлина од Светлина, вистински Бог од Бога вистински, роден, нестворен, единосуштен на Отецот, преку Кого сè станало;

Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;

И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат; и   страдаше и беше погребан;

И воскресна во третиот ден според Писмото;

И се вознесе на небесата и седна оддесно на Отецот;

И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и на мртвите и Неговото Царство не ќе има крај;

И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој исходи од Отецот; Кој со Отецот и Синот е сопоклунуван и сославуван и Кој говорел преку пророците;

Во Една, Света, Соборна и Апостолска Црква;

Исповедам едино крштение за простување на гревoвите;

Го чекам воскресението на мртвите;

И животот во идниот век.

 Амин !!!