Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 25. 03. 2018 година, во петтата недела од Великиот пост – Недела на света Марија Египетска, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Теофан Исповедник; Преподобен Симеон Нов Богослов; Свети Григориј Двоеслов, папа Римски, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски служеше Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.