Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам (Викторија)

На 06. 04. 2018 година,  во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј-ставрофор Ефтим Бетински отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.

По литијата и трикратниот опход околу храмот, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.