Воскресение Христово (2 ден) во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 09. 04. 2018 година (понеделник од Светлата недела – Велигден 2 ден), во црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот архимандритот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Христос воскресна од мртвите,

со смртта смртта ја победи,

и на тие во гробовите

живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!