Воскресение Христово (3 ден) во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 10. 04. 2018 година (вторник од Светлата недела – Велигден 3 ден), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот презвитер Владо Недески служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Христос воскресна од мртвите,

со смртта смртта ја победи,

и на тие во гробовите

живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!