Задушница во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 10. 02. 2018, во саботата пред Месопусната недела (на Страшниот суд), кога Светата Црква ги празнува Преподобен Ефрем Сирин; Преподобен Исаак Сирин; Преподобен Паладиј; Преподобен Ефрем Печерски (+1096), и кога си спомнуваме за упокоените (Задушница), во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Заупокоена Литургија и Парастос за сите браќа и сестри, упокоени со надеж за воскресение и живот вечен.

Нека им е вечен споменот!

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.