ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН

Ден е на Воскресение, да се просветлиме со торжество –
то, и еден друг да се прегрнеме! И на оние што нè мразат
да им речеме: Браќа, да простиме сè со Воскресението, и
така да запееме: Христос Воскресна од мртвите, со смртта
смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им дарува.
(Пасхална стихира глас 5, на Утрена во светата и велика недела)

На 28. 04. 2019 година, во сепразничната и спасителна ноќ, која ни го навестува Празникот над празниците и победата на Животот над смртта, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беше објавено Христовото Воскресение, по што беа отслужени Свети Божествени Златоустови Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни, честитајќи си го Празникот над празниците со најрадосниот поздрав: Христос Воскресе!