ВТОР АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Тебе, Богородице, поборнице војвотко, ние твоите
слуги, од злото избавени, победна и благодарствена
песна ти пееме: Како онаа што имаш сила непобедлива,
од секакви неволи ослободи нè, за да ти викаме: Радуј
се, Невесто неневесна!
(Кондак, глас 8)

На 22. 03. 2019 година, во вториот петок од Великиот пост, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, во вечерните часови, беше отслужено Мало повечерие со Втората статија од Акатистот на Пресвета Богородица.