ВТОР ДЕН ВЕЛИГДЕН

Пред Твоето зачнување, Господи, еден ангел ѝ рече на
Благодатната: Радувај се! Еден ангел го тргна и каменот
од гробот при Твоето Воскресение. Едниот навестувајќи
знаци на радост наместо тага, а другиот, наместо смрт,
проповедајќи ни Го животодавецот Господа. Добротвору
на сите, Господи, слава Ти.
(воскресна стихира на Утрена во Понеделник од Светла Седмица)

На 29.04.2019 година, на Вториот ден Пасха, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.